Најнеобичните имиња што славните им ги дале на своите деца

popara16 мај, 20111min00
suri

Дека славните им даваат необични имиња на своите деца не е никаква новост, меѓутоа во последно време како да се одржува натпревар за тоа кој ќе му даде понеобично име на своето дете.
Пејачот Брајан Адамс своето прво дете со својата асистентка Алисија Грималди го крстил Мирабела Бани. Музичарот објаснил дека тие се одлучиле за тоа име бидејќи девојчето дошло на свет “како зајаче на Велики Петок“.
Актерката Алисиа Силверстон на својот син кој го доби со музичарот Кристофер Џерекием, му го даде името Бер Блу ( сина мечка ).
Пејачката Мараја Кери своите новородени близнаци ги крсти Морокан Скот и Монро.
Таа објаснува дека момчето го крстила по собата во која неговиот татко Ник Кенон ја запросил поп дивата. Но, тоа име и не е толку оригинално.
Пред четири месеци Мајк Тајсон и Лакиа Спајсер го крстија нивниот син Мороко Елаја Тајсон.
Пејачката Алиша Кис својот син, кој го роди во Oктомври, го крсти Египет. Тоа единствено не ги изненади нејзините обожаватели кои знаат дека пејачката била воодушевена од престојот во Египет и дека токму таму ја добила инспирацијата за албумот “The element of freedom“.
Рок пејачката Аланис Морисет пак, заедно со својот сопруг Марио Тридвеј го крстија својот син Евер Имре.
Силвестер Сталоне ќе остане запаметен и по тоа што на својот син му го даде името Саг Мунблод, а ниту една необична листа на имиња на познатите не може да помине без името на ќерката на Никол Кидман која таа одлучи да ја крсти Сандеј Роуз, ќерката на Гвинет Палтроу и Крис Мартин, Ејпл, синот на Гвен Стефани Зуме и неизбежната Сури на Кејти Холмс и Том Круз.

Извор: Нетпрес

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag