
Поранешниот гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер имал вонбрачно дете со една од неговите куќни помошнички, објави весникот “Лос Анѓелес Тајмс“.
Шварценегер во соопштение за “Тајмс“ напишал дека му е многу жал и испратил извинување до неговата сопруга, неговите пријатели и семејството. Тој и неговата сопруга веќе се разведуваат.
“Кога го напуштив местото гувернер на Калифорнија, се’ и признав на својата сопруга“, изјавил Шварценегер, додавајќи дека ја разбира лутината и разочарувањето на пријателите и семејството.
“За тоа што го направив нема оправдување и преземам целосна одговорност за болката која им ја предизвикав на најблиските. Се извинувам и на моите пријатели, децата и семејството. Искрено ми е жал“, рекол Шварценегер.
Минатата недела Шварценегер објави дека тој и неговата сопруга Мариа Шивер се разведуваат по 25 години заеднички живот.
Извор: Нетпрес