Анализа: Саркози остана без својот најопасен политички противник

popara17 мај, 20111min00
1305424954763_ORIGINAL
Апсењето на Доминик Штрос Кан, под обвинение за сексуално насилство, го отстрани најголемиот противник на Никола Саркози, за претседателската трка во 2012 година во Франција и ги зголемува шансите за негов реизбор за втор мандат.
Информациите за обвинението на собарката против директорот на ММФ, го шокираа целиот свет. Само доколку судскиот процес биде брз и доколку Штос Кан биде прогласен за невин, тој може да се надева да се кандидира за претседателската функција со поддршка на Социјалистичката партија, анализира “Ројтерс“, пренесува Нетпрес. Поранешниот француски министер за финансии ќе се изјаснел за невин по обвиненијата за сексуално кривично дело. Француските власти инсистираа на тоа дека Штрос Кан треба да се смета за невин додека не се докаже спротивното.
Но, и покрај можноста, директорот на ММФ да биде ослободен, овој настан може во голема мера да влијае на настапот на социјалистите на есенските претседателски избори. Вакви сериозни обвиненија не значи и поштедување на репутацијата на Штрос Кан, како што беше случај во 2008 година, кога тој се извлече од скандал за афера поврзана со економијата на ММФ.
“Се’уште е премногу рано да се каже што точно се случило, но доколку се потврди обвинението, овој пат Франција нема да го толерира“, рекол Пол Бако, професор по политички науки на Универзитетот Лион.
Француските политичари се шокирани, а водачот на социјалистите Мартин Обри веста за аферата ја нарече “гром од ведро небо“. Франсоа Бејрут, противник на Штрос Кан рекол дека ако наводите се покажат како точни, тоа ќе било страшно за имиџот на Франција. Исфрлање на Доминик Штрос Кан од трката за претседателска функција на Франција, би бил подарок за Саркози, чиј рејтинг вртоглаво паѓа. Другите потенцијални кандидати на социјалистите, како што се Обри и ветеранот Франсоа Оланд не се сметаат за толку влијателни фигури.
Скандалот може да биде од корист и за лидерот на десничарските сили Марин Ле Пен, која сака да ја претстави жената од народот, за разлика од елитниот политички клуб на мажите.
“Овој случај целосно ја преврти кампањата. Тоа целосно ги менува работите за сите“, рече политичкиот аналитичар Жан Том Лескор од Институтот “Томас Мор“. “За Штрос Кан се’ заврши. Ова што се случи е неверојатно“, рекол тој.
Штрос Кан, кој инаку бил извршен директор на ММФ од 2007 година бил клучен играч во напорите за излез од глобалната криза, а наскоро требаше да се објави планот за борба на претстојните претседателски избори во 2012 година. Она што ќе се случува на претседателските избори ќе направи радикални промени, а се забележува дека нема друг кандидат на социјалистите кој може да се спореди со Штрос Кан, па затоа искуството на Саркози ќе доминира и најверојатно ќе победи.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag