Диета со супа – 7 килограми за 7 дена

popara21 јануари, 20151min00
11

Времето залади, па затоа веќе можеме да почнеме со диетата која се базира на различни зеленчукови супи. Освен што ќе намалите килограми, супите од зеленчук приготвени без месо и маснотии се многу здрави и ќе го исчистат вашиот организам од токсини. Освен тоа супите содржат мноштво полезни минерали и витамини што ќе ви овозможи здраво слабеење – ова е нашиот основен приоритет!

Наутро секој ден додека трае диетата се јадат 2-3 лажици овесни јатки со јогурт. Ручекот и вечерата се состојат само од супата што е означена за денот. Нема ограничување на количината на супата. Во текот на денот се препорачува да се пие вода и зелен чај. Дозволено е кафе без шеќер, соковите се забранети.

Супите кои ќе ги користите се вегетеријански и за нивното приготвување сме избрале зеленчук со изразени липолитички ефекти, односно зеленчук кој помага мастите брзо и лесно да се разградат и топат.

Ден еден – супа од карфиол,

Ден два – супа од печурки,

Ден три – супа од компири,

Ден четири – супа од зелка,

Ден пет – супа од домати,

Ден шест – супа од моркови,

Ден седум – супа од брокули.

Како се приготвуваат супите? Зеленчукот мора да биде свеж. Додека се вари во водата се додава коцка за супа по вкус, сецкани моркови и многу магданос, една мала лажичка соја сос, бибер по вкус. Диетата не е од најлесните, но навистина брзо ќе ве ослободи од излишните килограми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *