Канада протера пет либиски дипломати, соопшти денес министерството за надворешни работи во Отава.
Петмина дипломати од Либија во Канада се прогласени за непожелни лица затоа што “нивното однесување било непримерно и не било во согласност со нивните дипломатски функции“, се наведува во соопштението.
Министерството не сакало да открие повеќе детали, а на дипломатите и нивните семејства им било наредено веднаш да ја напуштат земјата.
Најчеста причина за протерување на странски дипломати од една земја е шпионажа, но тоа не било прашање во овој случај, туку фактот дека либиската амбасада во Канада делувала против критичарите на претседателот на Либија Моамер Гадафи, пренесуваат агенциите.
Либиската амбасада, наводно стои позади заканувачки телефонски повици кон критичарите на либискиот режими, а минатата недела организирала “спонтани протести“ во Отава.
Извор: Нетпрес