Канадската поп ѕвезда Justin Bieber беше во посета на децата во Јапонија чии животи се уништија по катастрофалните земјотреси и цунамито, со цел да им порача дека работите ќе се подобрат.
По средбата со децата во Јапонија тој изјавил дека она што го видел го ужаснало, но тој ќе стори сè за преку музиката и хуманоста да допринесе да се вратат работите во нормала.
Тој веќе придонесе за помош на настраданите во Јапонија со добротворниот албум “Songs for Japan” каде учествуваше заедно со многу други музички ѕвезди.
Bieber има закажано неколку концерти во Јапонија, а картите се веќе распродадени.