Брачен двојка останале во шок кога добиле сметка за кабловска која изнесувала 600 евра – поради гледање 12 часа дневно “безобразни” филмови.
Ен 71 и Рон Хејворд 74, кои се во брак преку 50 години, по втор пат се обвинети поради гледање порно.
Брачната двојка од Велика Британија вели дека се згрозени од обвиненијата на нивниот кабелски оператор, кој им издал сметка за гледање преку 150 “срамни” филмови, од кои секој се плаќа околу 7 евра.
Баба и дедо, кои имаат 11 внуци и четири правнуци, добиле слична сметка во 2009 година од околу 900 евра.
Ен вели: “Моите омилени емисии се за антиквитети и сеоски живот, никогаш не сум гледала порно дилм и незнам како се уклучува опцијата за нивно гледање.
Ова навистина станува смешно. Работниците во поштата се шегуваат со Рон и го прашуваат дали гледал некој добар филм минатата ноќ.”
Нивниот кабелски оператор соопштил дека ќе ги заштити своите услуги со пин код на нивниот телевизор и дека тие веќе нема да можат да гледаат слична содржина.