
Lee Alexander McQueen, беше британски моден дизајнер и многу ценет по неговото непроценливо знаење и техника на кроење…
Неговата тенденција била да ја поврзе кревкоста и силата во своите колекции и тоа успешно успеа да го достигне. Неговите модни ревии препознатливи се по провокацијата, низ која истовремено може да се почувстуваат емоциите и моќта.
Тој работел како главен дизајнер за “Givency” во период од 1996 до 2001 година. Во тој временски период создавал и сопствени креации и така настанала препознатливата Александар Меквин етикета.
Неговите достигнувања во модата му донеле слава и престижни награди. Во 1996, 1997, 2001 и 2003 година добива награди за “ Најдобар британски дизајнер на годината”, а во 2003 година исто така освои награда и за “CFDA Меѓународниот дизајнер на годината.”











