Тој има изглед за респект, добри манири, успешна кариера. Ве опсипува со внимание и сите ви завидуваат. Тогаш зошто се чувствувате гадно и некомфортно? Вашата подсвест ви сигнализира дека нешто не е во ред.
Каков човек е манипулаторот?
Тој знае точно што сака и уште поточно како да го постигне. Арсеналот од начини за постигнување на целите е безкраен. Тој едноставно не ја почитува туѓата индивидуалност. Тој се забавува учејќи нови и нови методи и затоа постојано се усовршува. Има вроден актерски талент и е многу добар психолог, ама потребно е! Иначе е самоволен и доста жесток.
Како дејствува?
Љубомора. Чувството за сопственост нередко достига патолошки размери. Всушност не ви дава право на избор. Постепено ве дистанцира од пријателите, блиските дури и од домашните миленици. Многу скоро улогата на домашен миленик ќе ја добиете вие, бидејќи ременчето ви е веќе на вратот.
Елементи на активни изненадувања
Купува скапи и неочекувани подароци, нешто што самите не можете да си го дозволите и чувството дека сте му должна ве парализира. Фразите како:” За мене нема друга освен тебе, за тебе нема друг освен мене! “или пак баналното :”Создадени сме еден за друг!” – ги повторува како мантра, се упиваат во вашето сознание и сте како под хипноза. Другото негово тајно оружје е да ве убеди дека ќе бидете ужасно несреќна ако ве напушти. Зошто тој е вистинскиот и единствениот. Постојано врши притисок на вас – се додека едноставно престанете да бидете своја, а само подобие на она што останало од вас. Крај, веќе немате личен живот, вие му припаѓате. Ако ова сте го допуштиле, време е да кажете стоп! Затоа што можете и затоа што сте суштество а не предмет!
Како да го препознаеме и изнесеме на светлина?
По правило овој Нарцис посветува многу внимание и грижи за својот изглед. Вашата мајка и пријателки се маѓепсани од него пред уште и да сте осетиле симпатии кон него. Тој веќе подготвил почва и сценарио – како сакате наречете го. Безупречен вкус, добри манири, во сите теми како да плива во свои води, но ако му подготвите замка тогаш целата оваа помпезност се издишува. Штедро раздава комплименти, но не и пофалби. Сосема скоро ќе почне да критикува се – вашата фризура, облеката, вашите пријатели.
Спасот
Излезете од состојба на транс и сватете, дека никој нема право да стави рака врз вашата индивидуалност. Почитувајте се себе и колку и да ви е жал, наместо да ја подлагате сопствената душа на маки, слободно изјавете, дека страдањето не е љубов. Не се чувствувајте должна на никој. Освен ако каифчето на вратот ви се допаѓа.