Фустан изработен од бесценети црни дијаманти – химна на убавите жени кои го сакаат животот.
Од олтар до едиторијал, од модни писти до црвениот тепих; следното поглавје за Деби Вингам, британската модна дизајнерка која својата модна кариера ја започнала на 13 години, напишано е со гламурозно откривање на нејзината последна креација на украинската Модна недела, која добила титула ‘Најскап светски фустан со црни дијаманти’. Оваа млада и позната дизајнерка која живее за својата работа направила ултра-скапа , 5,7 милиони вреден, Фустан со Црни Дијаманти, користејќи 50 прекрасни 2-каратни црни дијаманти. Деби, која самата го изработила овој фустан тежок неверојатни 13 килограми и 6 месеци рачно работени завршни детали, го опишала како “химна на убавите жени кои го сакаат живот.”