Жена од Канада преживеала вооружен напад благодарение на силиконите кои го задржале куршумот.
Ејлен Лајкнес од Калгари пред судот во Канада во средата изјавила дека била нападната од поранешното момче, а да немала силикони веројатно до сега ќе била мртва.
– Моите импланти го примија куршумот – изјави Ејлен во судницата.
Силиконските гради секако биле уништени по овој инцидент,а на поранешното момче на Ејлен му се суди за обид за убиство.
Ова не е прв случај силиконските гради да спасат нечиј живот. Во јануари година жена од Флорида преживеа откако беше избодена во градите и благодарение на силиконите не и бил повреден ниту еден витален орган.