Сите оние кои уживаат во индустриски дизајн и воздивнуваат на иновациите од светот на гаџетите, овој титаниумски глушец е вистинска причина за радост…
Холандскиот Intelligent Design е многу горд на глушецот на кој не може да му се оспори луксузниот имиџ и елеганција. Направен е од првокласен титаниум кој се користи во ентериерите и за изработка на накит. Тркалото е од неодим, редок метал кој е многу скап, но затоа ќе обезбеди и сигурност при секој контакт. Ако ве интересира цената на оваа креација, знајте дека се вбројува во еден од најскапите и изнесува околу 520 долари.