Француската уметничка Лоренс Руе прави неверојатно реалистични кукли кои сепак се и застрашувачки бидејќи изгледаат како вистински, живи девојчиња, кои само што не трепнале и проговориле.
Погледнета ја оваа кукла со сини очи и долга црвена коса и пегички на носот.
“Очите се направени од стакло, а косата им е претежно права“, вели Руе за “Дејли Меил“ и додала дека и е многу битно како се облечени нејзините кукли.
Уметничката вели и дека најбитно и е нејзините играчки да “изразуваат емоции“, а во тоа секако успеала.