Француската полиција прилично биле изненадени за време на претресот на еден автомобил на контролниот пункт во близина на Стразбур, во кој биле двајца кинези.
Споменатите кинези биле фатени на граничниот премин како во автомобилот пренесуваат 18 милиони евра, складирани во седиштата.
Пронајдени се дури 38.000 банкноти од 20, 50, 100 и 500евра. Кинезите парите ги пренесувале во Ауди 6, а фатени се минатиот месец, поточно на 11 ноември. Француската полиција со детали од случајот дури вчера излегла во јавноста.
Возачот и совозачот живеат во Португалија, а во Франција, односно во Париз, пристигнале со авион, каде изнајмиле автомобил со кој се упатиле кон Виена, на одмор, велат од полицијата. Двајцата се задржани во притвор до крајот на истрагата.