Понуда која не се одбива: За редовен секс, 1,3 милиони долари

4 декември, 20120
zena

Една разведена 33-годишна жена од Саудиска Арабија подготвена е да плати вртоглави 1, 3 милиони долари на мажот кој е подготвен да стане нејзин сопруг.

За да си го пронајде идеалниот маж, неименуваната милионерка објавила оглас во арапските весници, а медиумите пренесуваат дека тоа го сторила бидејќи три години по завршувањето на традиционалниот брак се подготвува повторно да се врзе.

Меѓутоа, таа има еден услов: идниот партнер нема обврска на заеднички живот, туку само на редовен секс.

„Од првиот сопруг се разведов, бидејќи не беше подготвен да ги извршува брачните обврски, туку се ожени со мене само заради парите. Сега сум повнимателна и барам некој кој не е го интересираат парите. Потрагата по идеалниот партнер ми стана опсесија и нема да застанам додека не го најдам“, вели жената, а заинтересираните кандидати можат да се јават преку магазинот “Sayidaty”.

На многумина може ова да им биде чудно, со оглед на тоа дека Саудиска Арабија е земја кој е многу религиозна, во која ниту една друга вера освен исламот не е дозволена. Сепак, ова за кое малку кој знае е целосно во согласност со Куранот, во кој пишува дека на жената и е дозволено да се разведе од мажот ако не ги извршува обврските во брачната постела.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi