Трогателна исповед на татко која го потресе светот: Животот на мојата ќерка е уништен, немојте да пиете и да возите…

popara7 декември, 20121min00
vest

Животот на неговата ќерка е неповратно променет и таа веќе никогаш нема да биде иста. Ве молам, немојте да пиете и да возите, апелира несреќниот татко, чија ќерка останала парализирана по тешката сообраќајна несреќа.

“Моето име е Џон. Многу луѓе мислат дека возењето во пијана состојба нема да влијае на нив и дека ништо нема да им се случи, затоа што секогаш се случува на некој друг”, Џон ја започнува својата трогателна исповед, чија ќерка била повредена од пијан возач.

Девојката останала парализирана во тешката сообраќајна незгода и нејзиниот живот, како и на нејзиното семејство, целосно е променет.

“Сакам да ја запознаете мојата ќерка Кели. Има 20 години и повредена е од пијан возач. Таа никогаш веќе нема да биде иста. Нејзиниот живот е завршен”, вели Џон во снимката која ги потресе луѓето ширум светот.

Несреќниот татко апелира на луѓето да не пијат додека возат, бидејќи можат да уништат нечиј живот.

“Ве молам, немојте да пиете и да возите. Бидејќи, ако имате проблем со алкохолот, тој може да влијае и на другите луѓе и нивните животи. Вие можете само да одите во затвор на кратко време. Човекот кој ја удри мојата ќерка може да добие максимум 10 години затвор, а таа доби доживотна казна. Ве молам, немојте да пиете и да возите…”, вели таткото.

http://www.youtube.com/watch?v=kindI-wkw0o&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma