Потребни состојки:
- 150гр брашно
- 200гр маргарин
- 150гр сецкани ореви
- 100гр шеќер
За фил:
- 450гр зелени неислупени јаболка исечени на коцки
- 150гр кафеав шеќер
- лажичка цимет
За прелив:
- 200гр шеќер
- 100мл вода
- билна павлака
- 100мл виски или ракија
Начин на подготовка:
Од брашното маргаринот, сецканите ореви и шеќерот измешајте тесто, па со него обложете ги калапите за мафин. Сецканите јаболка измешајте ги со кафеав шеќер и цимет и со нив полнете ги корпите во калапите. Одозгора обликувајте со останатиот дел од тестото. Печете 15 минути на 210 степени. Сварете го шеќерот, водата и билната павлака, додадете виски и прелијте ги печените мафини. Пред служење можете да ги посипете со ореви.