Актерката Кристен Стјуарт неодамна призна дека не сака да се појавува во јавноста. Но, и покрај тоа таа приреди уште едно проѕирно издание на црвениот тепих.
22-годишната актерка блеснала во транспарентен краток фустан на премиерата на филмот ‘On the Road’ во Њујорк. Изгледа дека овој стил добро и ‘легна’ со оглед на последните неколку премиери на кои се појави во транспарентни фустани.
Постои можност Кристен да ја ‘пробила’ границата на срамежливост благодарение на улогата во филмот ‘On the Road’ во кој го открива своето тело во неколку сцени.
“Тоа воопшто не ме загрижуваше”, изјавила Кристен неодамна на прашањето дали и било непријатно да снима голи сцени за потребите на филмот.