Едно јаболко дневно е сосема доволно за да имате здрави заби, тврдат експертите.
Многубројни анализи покажуваат дека јаболкото содржи материи кои имаат позитивно влијание за да имате здрави заби и здраво непце. Освен тоа ова овошје помага при одржување на хигиената и Ph вредноста во усната шуплина и хигиената на забите.
И покрај тоа што редовно ги миете забите, добро би било ако секојдневно конзумирате барем по едно јаболко, што освен за здравјето на забите, ќе придонесе и за подобрување на целосната здравствена состојба.
Докажано е дека редовната конзумација на јаболки го намалува ризикот од појава на кариес со средно 30% и истовремено претставува превенција од појава на разни болести на гингивите и забите.
Експертите препорачуваат јаболкото да не се лупи, а само добро да се измие, бидејќи најголемата концентација на хранливи материи ја има токму во кората.