Компанијата “Брабус” го модифицирала “Mercedes-Benz Viano” ван и направила hi-tech канцеларија која е сериозна конкуренција на повеќето експанзивни компании.
Автомобилот, кој е во исто време и мобилен работен простор за луѓето кои се секогаш во движење, претставува една од најекстравагантните канцеларии на светот.
Покрај елегантниот ентериер, ова возило е опремено со Mac компјутер, Sony 3D TV, Apple iPad, фрижидер, апарат за кафе, звучен систем, PS3 конзола, iPod со екран осетлив на допир… Така што ова возило навистина е број 1 комбинација на високо-технолошки производи на денешницата.