22 годишната мисица Сара Ричардсон со својата насмевка може да го „осветли“ целиот град, но пред некоја вечер го направила спротивното – оставила речиси цел град без струја.
Мисицата возела во алкохолизирана состојба и удрила во електричен столб, поради што без струја останале 1.700 луѓе речиси 24 часа.
Мисицата не е повредена, но е приведена на едночасовно трезнење.
Организацијата “Мис Америка” ги прегледува договорите за да види дали овој инцидент може да влијае на нејзината титула.
– Овој инцидент го третираме многу сериозно, вакви работи не ни се случуваат поради што сме многу изненадени, велат од оваа организација.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=IOinFfbpvV8