… како кафето: најдобрите се жешки, јаки и не ти даваат да спиеш цела ноќ;
… како трговски агенти: не треба да им веруваш на ниту еден збор;
… како компјутери: тешко можеш да ги разбереш и секогаш имаат проблем со меморијата;
… како ксерокси: стануваат само за репродукции и за ништо повеќе;
… како банкарска сметка: без пари пет пари не чинат;
… како снег: не знаеш кога ќе дојдат, колку сантиметри ќе се и колку ќе издржат;
… како половни автомобили: не се скапи, но не се сосема стабилни;
… како шминката: никогаш не остануваат премногу долго;
… како хороскоп: секогаш ве советуваат што да правите, но како по правило – грешат;
… како времето: невозможно е да бидат променети во никој случај;
… како мини-сукњи: малку ќе се расееш и ќе ти ги разголат нозете;
… како државен службеник: што и да ги помолиш да направат, тие се наоѓаат нешто важно, а всушност – нема ништо слично;
… како местата за паркирање: убавите веќе се зафатени, а слободните се неудобни и премногу мали;
… како косилки за трева: тешко е да ги вклучиш, емитуваат непријатна миризба и во половина од случаите – не дејствуваат;
… како сплав: без проблеми пливаат по течението, само да не прават никакви напори / или како алтернатива – неуправливи се;
… како трактори: ако им ставите внатре некаква содржина на алкохолна течност, продолжуваат да работат;
… како докторите: никогаш не можеш да разбереш што сакаат да кажат;
… како лек: непријатно е да си имаш работа со нив, но се потребни;
… како кучињата: ако не ги воспитуваат, ќе бегаат по целата куќа и ќе брцаат насекаде;
… како директори: ништо не умеат да направат, но се треба да работи совршено;
… како поштар: тропа на сите врати, надевајќи се дека некој ќе отвори;
… како инженерите: за нив во теорија се работи, но во пракса – првиот водоводџија ќе направи се многу подобро;
… како адвокати: во што и да ги обвинуваат, тие се ќе најдат еден вагон оправдувања;
… Како видеото: напред – назад – напред – назад – стоп – извади;
… Како сперматозоидите: само еден на 15 милиони ќе се покаже корисен;
… Како микробранова печка: загреваат за 15 секунди;
… Како рекламата: треба да се сомневаш во се, што ти зборуваат;
… Како облаците: кога си заминуваат, можеш да се надеваат дека денот ќе биде прекрасен;
… Како пуканки: ја залажуваат гладта, но за кратко …