Голгетерот на Манчестер Сити, Карлос Тевез изрази јасна желба да си замине од ‘Истлендс’, објави таблоидот “Сан”. “Сакам да го напуштам Манчестер Сити. Фудбалот за мене многу се промени и не знам дали ќе издржам до следното Светско првенство. Многу добро се однесуваат тука со мене и благодарен сум им, а и јас дадов се за клубот за да се постигнат овие резултати. Сепак, потребна ми е промена”, категоричен е Тевез. Аргентинецот делуваше среќно по пласманот во Лигата на Шампионите и освојувањето на ФА купот и се провлекуваа информации дека ќе остане. Но по вчерашната изјава на штрек се заинтересираните екипи за него Интер, Реал Мадрид и Челси. “Да се вратам во Бока Јуниорс би било навистина прекрасно, но тоа е тешко изводливо. Тие немаат доволно финансии за да го откупат мојот договор”, смета Тевез, кој сезонава постигна 21 гол во Премиер лигата и се наоѓа на делба на првото место на листата на стрелци заедно со Димитар Бербатов од Манчестер Јунајтед.