Бред Пит и Анџелина Џоли веќе се семејство тврдат американски медиуми. Холивудската двојка конечно си рече „Да” на скромната церемонија на Карибите.
Според таблоидите преку океанот, вљубените си рекле „Да” на Божиќ. Церемонијата била одржана во тесен круг, на имотот на дизајнерката Дона Каран.
Новинарите тврдат дека на свадбата биле присутни родителите на двајцата, нивните деца, а исто така и братот и сестрата на Бред.
Засега двојката официјално не ја потврди веста, но веќе се појавија првите фотографии, кои според папараците се од денот на свадбата.