Мажена професорка од Јужна Каролина е уапсена поради сомневање дека во својата куќа имала сексуални односи со 17-годишен ученик.
Триесет и четири годишната Кинсли е обвинета за сексуална злоупотреба откако истражните органи дознале дека од мај минатата година таа го носела ученикот дома поради сексуални односи.
Во полициската изјава, дадена под заклетва, ученикот чиј идентитет не е откриен, ја опишал својата врска со професорката. Сепак детали не се објавени.
Професорката, наводно, го познавала ученикот од гимназијата „Дрејер“ во Колумбија каде 7 години предавала англиски.
Полицијата издала налог за нејзиното апсење откако еден од родителите на ученикот ја пријавил нивната врска.
На училишниот сајт Кинсли се претставила како среќно омажена и мајка на две деца.
http://www.youtube.com/watch?v=JP7QUCDCfTw&feature=player_embedded