Пола Кински, помладата ќерка на германскиот актер Клаус Кински, кој почина во 1991 година, својот татко го обвинила дека со години сексуално ја злоупотребувал.
60-годишната актерка, полусестра на Настасја Кински, во интервју за неделникот Стерн тврди дека нејзиниот татко сексуално ја експлоатирал од 5-тата до 19-тата година, а својата страшна приказна ја опишала во книгата “Kindermund“ која наскоро ќе биде објавена.
“И кога се бранев и зборував дека не го сакам тоа, не се грижеше за тоа, му беше сеедно”, вели познатата театарска актерка која се посветила и на тв филмови.
Таа признала дека книгата ја напишала и како одговор на порастот на култот на нејзиниот татко кој се смета за гениј.
“Не можам повеќе тоа да го слушам: твојот татко, таков гениј”, изјавила Пола. Од неговата смрт, како што таа тврди, слeпото обожување на нејзиниот татко е се посилно.
“Всушност искористуваше се околу себе. Никогаш никого не ценеше”, додава Пола.
Клаус Кински почина во САД на 65 годишна возраст и беше еден од главните актери на режисерот Вернер Херцог.