Ден без панталони: Луѓето ширум светот одат на работа во долна облека!

popara14 јануари, 20131min00
No Pants Day 2013

Се започна како шега што предизвика насмевка на лицата на некои патници. Меѓутоа, денес тоа е глобален феномен. Температурите во многу градови се под нулата, но тоа не спречи многумина да го одбележат 13-тиот по ред Ден без панталони.

img

Патниците на подземната железница во Лондон, Сиднеј, Берлин, Шангај, Софија, Пекинг и многу други светски градови ги соблекоа панталоните и на работа тргнаа во долна облека.

img

Оваа традиција почна во 2002 година во Њујорк, кога неколку луѓе одлучиле да донесат конфузија во подземна железница. Тие влегувале во метро без панталони, и кога некој ќе ги прашал зошто немаа панталони на себе, одговорот бил едноставен –  ги заборавивме.

Dan-bez-pantalona-Ljudi-sirom-sveta-na-posao-idu-u-donjem-vesu-FOTOVIDEO
Оваа традиција од тогаш секоја година привлекува се поголем број “скромно облечени” луѓе.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag