Меган позирала во заводливо издание за магазинот Esquire.
Заводничката Меган Фокс оваа недела снимила секси едиторијал за магазинот Esquire. Само четири месеци по раѓањето, Меган своето тело на заводничка го вратила во форма. Така за Esquire позирала со многу малку облека на себе. Покрај транспарентната долна облека, носела секси гаќички или црна долна облека и кожна јакна.
Меган која е во брак со Брајан Остин Грин, неодамна стана мајка и вели дека не е задоволна со својот социјален статус, секс симбол и смета дека е време во својата кариера да направи еден чекор погоре.
За време на интервјуто за Esquire, Меган дала остра критика за врсничката Линдзи Лохан. Откако ја прашале зошто ја отстранила тетоважата на Мерлин Монро која со години ја имаше на раката, Меган одговорила: “Таа не била вака моќна во свео време. Била повеќе како Линдзи Лохан. Била актерка која не е сигурна. Го имала целиот потенцијал на светот, но го потрошила. Не сакам да одам по тој пат во животот”.