Аматерски трагач по злато пронашол златна грутка тешка дури 5,5 килограми во јужна Австралија со помош на едноставен детекрот за метал.
Неименуваниот маж, со помош на детектор за метал, вчера го пронашол златото на длабочината од само 60 сантиметри. Вредноста на златото се проценува на 300.000 австралиски долари.
Локалните експерти велат дека златото е старо повеќе децении и дека не им е јасно како порано не било пронајдено.
– Трагам по злато повеќе од две децении и не се сеќавам дека бил пронајден камен потежок од 2,8 килограми – изјавил трагач по злато Кордел Кент.
Златото го нашол на познатото наоѓалиште за злато во близина на градот Баларт 110 километри од Мелбурн .
– Многу луѓе мислат дека златните полиња во покраината Викторија се исцрпени но тој беше упорен и тврдоглавоста му се исплати – изјави Кордел Кент, сопственик на златарница кој потврди дека пронајдокот на Австралиецот е оригинален и вреден.
Среќниот пронаоѓач ќе остане анонимен а за својот пронајдок очекува да добие 300. 000 долари.