Многу работи се променија кај сестрите Кардашијан во последните пет години!
Ким, Кортни и Клое отсекогаш биле подготвени за камерите, а сега најмладата меѓу нив споделила една од најраните фотографии снимени за еден едиторијал.
“Оваа е една од нашите први заеднички фотографии – мислам дека тоа беше пред околу пет години”, напишала Клое и фотката ја објавила на својот официјален блог.:”Што мислите за мојата голема коса??? Нема да лажам, мене ми се допаѓа. Сакам да испробувам нови фризури”, вели Клое.
Кардашијан позирале во мини бикини, но затоа нивните фризури биле бујни и шминката впечатлива. Изгледа дека Клое е помалку носталгична, бидејќи сфаќа дека веќе ништо нема да биде исто. Ким е сега бремена, Кортни има веќе две деца, а и таа планира бебе со својот сопруг Ламар.
Познатите сестри далеку напредувале во последните неколку години, зарем не?!