Млад скопјанец се бори за живот, откако по расправата со вереницата се обидел да се самоубие.
Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи, 29-годишниот Б.И. скокнал од прозорецот од станот на четвртиот кат од зградата на улица Трифун Пановски во скопската населба Карпош 3 каде што живеел со својата вереница.
На немилиот настан кој се случил вчера во 17.40 часот, според неофицијални податоци му предходела жестока расправија меѓу Б.И и неговата три години помлада вереница Н.З. Тој прво се обидел неа да ја турне, а од кога не успеал, самиот скокнал.
При падот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клиничкиот Центар во Скопје. Од полиција велат дека неговиот живот е во опасност.