На големата модна недела во Париз, дојде ред и на Dior…
Креаторот Раф Симонс, колекцијата Dior Haute Couture ја претставил меѓу грмушки и дрва во Париз. Инспирација за колекцијата му биле шумските куќички, полско цвеќе и пролет. На облеката доминираат живописни бои, од жолта до корално портокалова, чиј одраз е смирен со комбинирање со црна и бела. Иако Париз е под снег, листови и цветови имало насекаде, па дури и на транспарентните ракавици.