Полицијата во вторникот го уапсила 25 годишниот Макаулај Ониќ, поради сомневање дека се обидел жива да ја закопа својата двомесечна ќерка. Тој ископал плитка дупка, во неа го ставил бебето и ја покрил со песок.
За среќа, неколку минувачи виделе што се обидува Онич да направи, го совладале и веднаш го однеле бебето во болница. Еден од сведоците сето ова веднаш го пријавил во полиција и раскажал што се случило. На девојчето при ископувањето му бил повреден вратот, а лекарите изјавиле дека е чудо што таа преживеала, бидејќи била закопана неколку минути и без воздух.
Нејзиниот татко, пренесува Дејли мејл, на полицијата ѝ го признал злочинот и изјавил дека ова го направил поради тоа што жена му, откако се породила, му одбивала секс. Тој се извинил и тврди дека реагирал во налет на бес и дека длабоко жали.