Сопственикот на “Фејсбук“ влегува во политика

25 јануари, 20130
mark
Сопственикот на социјалната мрежа “Фејсбук“, Марк Цукерберг, одлучил да влезе во политичките води и следниот месец ќе се организира донаторска вечера за Крис Кристи, републикански гувернер на Њу Џерси и потенцијален претседателски кандидат на изборите во 2016 година.
Вечерата ќе биде организирана на 13-туи февруари во куќата на Цукерберг во Калифорнија, а сите кои сакаат да присуствуваат мора да платат по 3.800 долари по лице.
Сопственикот на “Фејсбук“ досега јавно не дал поддршка ниту на демократите ниту на републиканците, освен што два пати се сретнал со претседателот на САД, Барак Обама, кога тој бил во посета на Силиконската долина.
Портпаролката на “Фејсбук“, Сара Фајнберг изјавила дека Цукерберг го запознал со гувернерот Кристи пред две години, кога дал донација од 100 милиони долари за училиште во градот Њуарк во Њу Џерси, кој со години имал проблеми со училишниот систем.
Минатата година, претседателката на компанијата “Хјулит Пакард“, Мег Витман, организирала донаторска вечера за републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi