Потребни состојки:
За кора:
- 150гр мелена плазма
- 70гр шеќер во прав
- 70гр путер
- 1 жолчка
- малку сок од портокал
За фил:
- 500мл слатка павлака
- 70гр шеќер во прав
- 200гр крем сир
- сок и рендана кора од 1 лимон
За прелив:
- кесичка желатин
- црвени бобинки
Начин на подготовка:
Помешајте ги сите состојки за кора, па ставете ги на дното на калапот. Добро зиматете го сирењето со шеќерот во прав, сокот и ренданата кора од лимонот, па додадете во изматената павлака. Филот прелијте го преку кората и ставете во замрзнувач да се стегне. Пред служење украсете со прелив кој сте го направиле од желатин и овошје.