Принципите на успешната жена

popara3 февруари, 20131min00
uspesna zena
Времињата не се она што некогаш беа. Жените и мажите не се истите повеќе. Денес послушната домаќинка со готварска престилка веќе ја нема. Денес жената не е само грижлива сопруга, која го подржува сопругот, простува и воспитува во смирение. Всушност современата жена нема потреба од сопруг кој ќе се грижи за неа, зошто таа одлично се справува и сама.

А какви се принципите на современата жена што ја прават независна и успешна дама?

Успешната жена верува во себе!

Таа никогаш не запаѓа во паника поради финансиски, семеен или било каков друг проблем. Нема време да се самосожалува, да се обвинува или да очајува, зошто е премногу зафатена борејќи се за својата иднина.

Таа не се смета себе си за хероина!

Таа одлично знае дека ништо на овој свет не се добива бесплатно, освен ако не си го заслужиш. Знае исто дека никој на никого не е должен и не очекува милост или дар ни од шефот, ни од мажите, ни од судбината. Никогаш нема да слушнеш од успешната жена зборови како: „Јас сум самохрана мајка и покрај тоа се справувам.“ За неа мајчинството не може да има квалификации, а справувањето со животот е долг, не прашање на сила и такви слични определби.

Успешната жена никогаш не се помирува со околностите во кои е затекната!

Таа не се плаши од статистиката за невработеност, од разводот, од осаменоста…не би кажала и нешто од типот: „Таква ми била среќата!“ Успешната жена не губи ни минута од своето време, туку се обидува на било кој начин да ја промени ситуацијата во која се наоѓа. Дури и ако тоа значи да започне работа што е под нејзиното ниво, или да остане самохрана мајка во името на сопствениот мир и тој на детето. Успешната жена е решителна!

Психолозите одамна ја дефинирале нерешителноста како убиец на личниот успех. Но современата успешна жена нема потреба од психолог за да го знае ова. Таа никогаш не ги остава важните решенија за подоцна.

Успешната жена е оптимист!

Дури и да се нашла во ситуација да мора да работи нешто што не ја прави среќна во името на преживувањето, таа никогаш не губи надеж и мотивација. Напротив! Успешната жена се бори со заби и со нокти и верува дека еден ден ќе ги постигне своите цели. Зошто успешната жена е успешна дури и кога успехот е само во нејзината глава!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag