Потребни состојки:
- 80гр мелена плазма
- 200мл слатка павлака
- 125гр путер
- 80гр мелени ореви
- 300гр плазма
- 5дл млеко
- 100гр чоколадо за готвење
- 2 кесички ванилин шеќер
- 6 лажици шеќер во прав
- 7 жолчки од јајце
- 300гр шлаг
Начин на подготовка:
Жолчките, шеќерот, и ванилин шеќер изматете ги на пареа, па додадете чоколадо за готвење. Оревите прелијте ги со 1дл топло млеко и додадете фил. Кога филот ќе се олади, додадете пенасто изматен путер и мелена плазма. Загрејте го преостанатото млеко, натопете ги парчињата плазма и редете ги на послужавник. Нанесете фил и одозгора уште еден ред плазма. Тортата премачкајте ја со фил и прелијте со растопено чоколадо.