Сакате различни цвеќиња, но имате свој омилен тип, односно оној вид чиј мирис најмногу ви се допаѓа. Дали сте знаеле дека вашиот омилен цветен мирис открива некои вистини за вас? Доколку не знаевте, погледнете дали вашиот омилен мирис ја кажува вистината за вашите особини.
1. Роза
Доколку сакате рози, вие сте личност која ги цени сите фини работи во животот. Љубителите на розите имаат истенчено око за детали и дизајн – но вашата тенденција за собирање на работите обично предизвикува пренатрупаност и голем хаос. Во љубовните односи вие сте ултраромантични, традиционални и помалку љубоморни.
2. Јасмин
Ако јасминот е вашиот цвет, веројатно често ве опишуваат со зборовите “интензивна”, “егзотична”, “хипнотична”. Склопувате силни пријателства, но бидејќи ви е важен квалитетот, а не квантитетот, мудро ги одбирате пријателите. Луѓето ги привлекува вашиот магнетски шарм, но кога премногу бараат од вас, вие се повелкувате.
3. Лаванда
Љубителите на лаванда обично се хиперорганизирани и целосно практични. Кога пријателката ќе се пожали дека мора да ги исчисти своите плакари, ќе ја критикувате за нејзината неспретнатост – потоа љубезно ќе се понудите да го направите тоа наместо неа. Колку и да сте прецизни и уредни, имате и слаби точки, како што се скапа постелнина и шармантни антички предмети. Се разбира, кога ќе купите нешто скапо, ве гризе совеста – но само пет минути.
4. Каранфил
Вие го дефинирате терминот “основа”. Силни сте, енергични и не можете да изговорите лага, дури и од тоа да ви зависи животот. Бидејќи немате влакна на јазик, секој кој се обидува да ве намести го прави тоа на сопствен ризик. Каранфил – момците, напорно работат без жалење и преговарање, но еднаш кога ќе ја завршат работата и на ред доаѓа забавата, вие сте прва на вратата.
5. Зумбул
Дали во последно време сте скокале со падобран? Обожавателите на зумбул копнеат за постојана возбуда и ризик, а ретко кога размислуваат за последиците. Вашата конкурентна природа ве прави добар кандидат за да “ја игубите целата заштеда на покер – апарати” (иако вашата великодушна страна евентуалната добивка би ја искористила за да почасти вечера за сите присутни). Повторно чукате на вратата на опасноста, но за среќа брзо се извлекувате од катастрофални опасности.
6. Орхидеи
Успех. Подготвени сте да го извадите предметот на едната рака, да добиете статус, признание и сигурност. Иронијата е во тоа што и покрај вашата очигледна амбиција, често оставате впечаток на нежна, дури и кревка личност. Имиџот на лубител на орхидеи е кул и класичен, значи совршен за напредување на социјалната скала. На крајот на денот постигнавте повеќе од останатите – иако можеби и понатаму ве прогонува чувството дека тоа не е доволно.