Прстен кој ќе ви го преврти желудникот

popara8 февруари, 20131min00
sruli-recht-stomach-ring-thumb-640x292-109501

Ексцентричниот австриски дизајнер Sruli Recht шокираше многумина со своето последно дело. Прстенот кој го направил од сопствената кожа, отстранета од неговиот стомак за време на последната операција, се разликува од целиот накит кој досега сме го виделе. Иако ни е тешко да поверуваме дали некој би можел да ужива во ваквиот прстен, неговата цена изнесува 500.000 долари.

Прстенот е дел од неговата колекција за есен/зима 2013 година. Должината на траката од месо изнесува 10 см и на неа се сочувани дури и влакната од стомакот.

Клинетите со ова несекојдневно парче накит добиваат уникатна ДНК потврда која ја докажува неговата автентичност.

Ова не е прв пат австрискиот дизајнер да подготви ваква работа. Пред две години претставил колекција за мажи изработена од јагнешка кожа. Секако не е ни последна, на неговиот официјален сајт пишува дека тој секој месец изработува предмети од бетон, дијаманти, кожа и волна. Прстенот секако го оправдува името, а за неговата висока цена допринесува и тоа што е изработен од 24 каратно злато.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma