Атлетичарот Оскар Писториус од Јужна Афика, кој учествуваше на Олимписките игри во Лондон, е уапсен под сомнение дека ја убил својата девојка. Писториус, мислејќи дека е некој провалник, пукал во својата девојка, усмртувајќи ја на самото место.
Еден од најголемите хендикепирани инвалиди, Оскар Писториус, утрово ја убил својата девојка во куќа во Преторија, мислејќи дека е крадец, објавуваат странските медиуми.
Од локалната полиција изјавиле дека девојката Рив Стенкамп (30)од оружјето е погодена во главата и раката и на самото место подлегнала на повредите.
Трагедијата се случила во раните утрински часови во куќата на спортистот во Преторија, а медиумите тврдат дека девојката сакала да го изненади за Денот на вљубените.
Понзатиот атлетичар веројатно ќе биде обвинет за убиство, јавува NBC.
“Полицијата добила повик во утринските часови и кога патролата пристигнала на адресата затекнале екипа на брза помош која се обидува да ја оживее 30-годишната жена која била застрелана. Таа набрзо починала. Полицијата го нашла оружјето и го однела 26-годишниот човек во притвор. Тој денес ќе се појави пред судијата”, изјавил портпаролот на полицијата, додавајќи дека девојката има четири прострелни рани.
Писториус, кој нема фибула на двете нозе, трча со помош на протези од јаглеродни влакна, и е прв човек кој со две ампутирани нозе се натпреварувал на Олимписките игри. Во Лондон стигнал до полуфиналето на 400 метри.
Јужна Африка е држава со една од највисоките стапки на криминалот во светот, а слично како и во САД, многу луѓе имаат оружје во своите домови за да се заштитат од провалници.
Писториус минатата година во изборот на магазинот “Time” е избран за еден од 100 највлијателни луѓе на планетата.
Писториус на Параолимписките игри освои две златни медали.