По дополнителните лекарски прегледи утврдено е дека Лејди Гага има сериозна повреда на колкот и мора итно да се оперира. Поради тоа ќе мора строго да мирува…
Неодамна одложи четири концерти во склоп на турнејата ‘Born This Way Ball’, но сега објавила шокантна вест: Лејди Гага (26) ја откажа, всушност, целата турнеја. Вкупно 25 концерти кои требаше да ги одржи низ САД.
Тешкото воспаление наречено синовитис ја “врза” пејачката за креветот и таа не може да се движи.
-По дополнителни лекарски прегледи утврдено е дека Лејди Гага има сериозна повреда на колкот и мора итно да се оперира. Поради тоа ќе мора строго да мирува, и турнејата мора да се откаже – стои на официјалната веб страна на Гага.