Таблетот TouchPad кој се очекува компанијата HP (Hewlett-Packard) да го претстави во јуни, може да стане достоен конкурент на iPad од Apple. Повеќето досегашни ривали не се разликуваа во однос на карактеристиките на оној од Apple. За да биде конкурентен TouchPad ќе мора да се разликува пред се во цента и карактеристиките од другите конкуренти, Android и Research In Motion (RIM).
Според податоците на истражувачката компанија Canalys Research, дистрибуцијата на таблет компјутерите на светскиот пазар во првото тромесечие достигнале 6 милиони примероци. Од нив огромен дел отпаѓа на iPad, дури 74%.
За НР таблетот TouchPad досега е соопштено дека ќе биде базиран на оперативен систем webOS. Тој ќе има екран од od 24,6 cm (9,7 инчи), двојадерен процесор Snapdragon na 1,2 GHz и капацитет од 16 или 32 GB.