Потребни состојки:
- 4 дебели шницли (мисиркино месо)
- 100гр кашкавал
- 100гр шунка
- 100гр варен спанаќ
- 4 печени кисели пиперки
- 4 лажици кајмак
- 3 јајца
- брашно
- презла
- сол
Начин на подготовка:
Шницлите исечете ги да добиете џеб, па пресечениот дел послете го, премачкајте со кајмак, и распоредете го исецканиот кашкавал, шунка и спанаќ. Полнетите шницли тркалајте ги во брашно, потоа во изматени јајца и на крајот во презла. Пржете ги на загреано масло да поруменат од двете страни.