Ја изгуби битката со ракот: Почина Уго Чавез!
Како што известува Ројтерс, претседателот на Венецуела Уго Чавез (58) ја изгуби 2 годишната битка со ракот и во 16:25 по локално време починал во воената болница во Каракас, соопштил заменик претседателот Николас Мадуро.
Социјалистичкиот лидер беше цели 14 години на власт во Венецуела. Чавез не се појави во јавноста скоро 3 месеци откако беше однесен на лекување во Куба, што беше четврта операција од моментот кога болеста беше дијагностицирана.
Чавез е човекот што ја објави социјалистичката револуција во Венецуела, жестоко борејќи се против американското влијание во својата земја и ја подржуваше левицата во цела Латинска Америка.
Се смета дека Мадуро ќе биде наследникот на Чавез кој поголема улога доби откако Чавез во почетокот на месец декември после изборите на кои победи беше однесен во Куба на четвртата по ред операција и лекување. После заминувањето во Куба Чавез лично не се појави повеќе во јавноста.