Според редица спроведени анализи и истражувања, водата со малку лимонов сок е еден вид еликсир за здравје. И не знаеме дали тоа е навистина така или не, но категорично ви препорачуваме да ја пиете смесата секое утро зошто следново дефинитивно го знаеме:
- Го зајакнува имуниот систем, ја стимулира мозочната активност, го регулира крвниот притисок.
- Од растворот се слабее. Лимоновиот сок содржи пектин што го намалува значително апетитот.
- Го забрзува метаболизмот, особено ако водата е топла. Освен тоа е докажано дека лимоновиот сок го подобрува и регулира варењето на храната.
- Водата во комбинација со сок од лимон делува како диуретик. Што значи дека ќе ви помогне да се ослободите од излишните задржани течности во организмот.
- Ја прави кожата сјајна и затегната. Витаминот Ц е одличен борец против брчки и флеки. Се смета дека целосно го забавува процесот на стареење на кожата.