Свадбата на Бред и Анџелина во исто време со свадбата на Џенифер Анистон!

popara11 март, 20131min00
11

Бред Пит кон крајот на месец фебруар добил брачна дозвола според која тој и Анџелина мораат да се венчаат во рок од 90 дена, а во исто време е најавена венчавката на неговата бивша Анистон.

„Бред и Анџелина оставија многу малку време за свадба па постои веројатност нивната свадба да се поклопи со свадбата на Џенифер Анистон. Сите факти сочат кон тоа дека би требало да се венчаат во мај непосредно после завршувањето на Филмскиот фестивал во Кан бидејќи сакаат да се венчаат во Франција“, вели извор близок на двојката.

Се шушкаше и дека Џенифер планира да биде гостин на нивната свадба, иако Бред ја остави поради Анџелина.

„Сите тие добри намери ќе исчезнат ако Бред и Анџелина одредат датум за венчавката блиску до нејзиниот. Џенифер тоа го доживува како лош гест па веројатно ќе започне битка околу холивудските ѕвезди за тоа кој кај кого ќе отиде. Но таа исто така знае дека најголемите ѕвезди ќе отидат кај нив, а не кај неа“, открива изворот.

Бред викендов е виден во Париз и се верува дека планираат да се венчаат во капелата на нивниот имот во Франција вреден 35 милиони фунти.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag