Американската влада сака да се осигура од потенцијална инвазија на зомби, па ја шокираше тамошната јавност со издавање на инструкции за тоа како да се однесувате во случај да ве нападне зомби. Центарот за превенција и заштита на болеста објави на официјалниот вебсајт за инструкции наречен “Zombie Apoclypse“. Тие беа обајвени во понеделник и многу добро посетени. Меѓу другото, наведено е дека луѓето мора брзо да се повлечат од градот, бидејќи зомби нема да се повлечат додека не се најадат.
“Планирање евакуација. Кога се зомби гладни, нема да запрат додека не добијат храна, што значи дека мора брзо да го напуштите градот. Испланирајте каде ќе одите и имајте повеќе локации на ум. Ова исто така помага кога ќе ве нападне невреме и морате да најдете скривалиште“, наведуваат американците. Покрај тоа, ако ве нападне зомби, морате секако да понесете храна, пијалоци, лекови, документи, алат, облека и чиста постелнина.