
Скелт долг 3,5 метри е откриен во водите на кинеската провинција Шандонг. Се вели дека има дури 153 зглобови, а бил пронајден од страна на локален рибар во гратчето Кингдао.
Локалните медиуми и месното населениее се насобрале да го видат ова необично суштество, чие потекло останува понатака да биде анализирано.
Скелетот изгледа импресивно, а дали навистина станува збор за досега невидено суштество ќе кажат експертите.
Ова не е прв пат мистериозни суштества да се појавуваат во кинеските води кои добиваат големо медиумско внимание.
Погледнете го видеото:
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=khFLdoqj7Jk