Бритни се врати на музичката сцена спремна и во одлична форма. Таа поминувала многу време во трчање и теретани, како би го довела своето тело во добра форма. Извор близок на пејачката за странските медиуми, изјавил дека таа го сторила тоа од инает на поранешниот сопруг Кевин Федерлајн. Неговата нова девојка била бремена, па Бритни сакала да се освети и ова според неа бил идеален начин.
За враќањето на музичката сцена и надминувањето на животните препреки таа се заблагодарила на Мадона, која била покрај неа цело време и ја научила како да биде искрена кон себе и како да ги надмине животните препреки.