Претседателот на Србија Борис Тадиќ, потврди дека во утринските часови во координирана акција на безбедносните информативни агенции е уапсен Ратко Младиќ кај местото Лазарево, кај Зрењанин.
“Сакам да им честитам на сите учесници во акцијата кои од формирањето на оваа влада интензивно работеа на пронаоѓање на сите обвинети за воени злосторства“, изјави Тадиќ.